Бибер!
Со задоволство ве информираме дека e објавена збирката кратки раскази кои беа избрани на шестиот конкурс Бибер во организација на ЦНА.
Шестиот конкурс „Бибер“ беше отворен од 8.12.2023 г. до 26.5.2024 г. На конкурсот пристигнаа 490 раскази. Жирито во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, избра 24 раскази кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка и донесе одлука за наградите. Еден расказ беше вклучен во збирката од страна на организациониот тим на конкурсот Бибер.
Преводот на албански јазик го направија Ќерим Ондози и Илир Ајдини, преводот на македонски Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Илир Ајдини, а преводот на БХСЦ го направија Ѓорѓе Божовиќ, Лидија Бариќ и Ирена Шентевска.
За илустрацијата на кориците заслужна е Јана Даниловиќ.
Тимот на „Бибер“ беше составен од: Ана Битољану, Davorka Turk, Ivana Franović, Katarina Milićević , Luan Imeri и Radomir Radević.
