Центарот за човекови права и разрешување конфликти од Скопје е невладина организација, односно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за промоција и заштита на човековите права и слободи и развивање и унапредување на начините на меѓусебната комуникација меѓу луѓето, базирани врз овие права.