CHRCR

Училишни практики за демокртаска култура во дигиталната ера

Онлајн платформата http://democraticschools.mk/ претставува продукт произлезен од проектот „Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера“, финансиран од  Европската Унија и Советот на Европа и е имплементиран од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) со поддршка на Бирото за развој на образованието. Oнлајн платформата претставува ресурс за професионален развој на наставниците со примери на успешни училишни практики за промовирање на образованието на демократско граѓанство и за човекови права (ОДГ/ОЧП) со користење на Моделот на компетенции за демократска култура усвоен од страна на државите членки на Советот на Европа во 2016 година.

Градењето на капацитетите на наставниците за имплементирање на ОДГ/ОЧП е во согласност со заложбите на  Советот на Европа според кои образованието има клучна улога во промовирање на основните вредности за заштита на човековите права, демократијата и владеење на правото. Целта на концептот ОДГ/ОЧП е учениците да се стекнат со знаења, разбирање, вештини и ставови што ќе им помогне да се подготват за живот како демократски граѓани  и да ги остваруваат своите права и одговорности во општетсвото.

Примерите на активности од онлајн платформата претставуваат успешни практики од реализацијата на проектот во четири пилот училишта од Скопје: „Круме Кепески“ и „Лирија“ (основни училишта) и „Орце Николов“ и „Зеф Љуш Марку“ (средни училишта). Во дадените примери се вградени следните принципи на кои се базира имплементацијата на содржините посветени на демокртаско граѓанство и човекови права:

  1. Се вградуваат како крос-курикуларни содржини во постоечките предмети од редовната настава, во рамки на целите предвидени со наставните програми;
  2. Се реализираат на одделенските/класни часови (како дополнување на Образованието за животни вештини), како и во рамки на воннаставните активности, со посебен акцент на работата на ученичките заедници;
  3. Вклучени се во рамки на задолжителниот предмет граѓанско образование во основното образование.

Освен наставниците од основното и средното образование, оваа платформа може да ја користат и професорите од наставничките факултети во практичната настава со своите студенти.

Платформата содржи 32 планови на активности и се однесуваат на следните теми:

– Дискриминација (3)  http://democraticschools.mk/aktivnosti/temi/diskriminacija/,

– Насилство и интерент-насилство (13) http://democraticschools.mk/aktivnosti/temi/nasilstvo/,

– Права на децата (5) http://democraticschools.mk/aktivnosti/temi/prava-na-decata/

– Демократска партиципација на учениците (11) http://democraticschools.mk/aktivnosti/temi/participacija/

 

Во дадените примери учениците слободно го изразуваат своето мислење, самите ги поставуваат правилата, учат за правата на децата и ги поврзуваат со одговорностите, учат како да дебатираат и да гласаат, како да преземаат одговорност во донесување одлуки и вежбаат како  да решаваат проблеми од реалниот живот. Во примерите учениците се во улога на новинари, репортери или дизајнери на промотивен материјал за кампањи, како што се: намалување на загадувањето на воздухот, намалување на насилството, недискриминација, говор на омраза и сл.

Плановите на активности се опишани на конкртен и специфичен начин што овозможува лесно да се следат. По описот на реалиизраните активности дадени се работните листови кои ги користеа наставниците, придружени со фотографии од работата на учениците и од нивните продукти. Најчесто применувани методи на работа се: дискусија во мала и во голема група, истражување, играње улоги, демонстрации и симулации преку сценарија од реалниот живот и анализа на текстови. Ваквиот наставен приод им овозможи на учениците да учат преку практикување демократија и почитување на човековите права.

Многу од идеите за активностите во платформата произлегоа од публикациите и прирачниците како образовни ресурси за промовирање на демократијата и човековите права развиени од страна на Советот на Европа. Дел од публикациите се преведени на македонски а некои и на албански јазик. Овие публикации се прикачени во делот РЕСУРСИ http://democraticschools.mk/resursi/ .

 

ПУБЛИКАЦИИ

Оставете коментар.