Центарот за човекови права и разрешување конфликти од Скопје е невладина организација, односно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за промоција и заштита на човековите права и слободи и развивање и унапредување на начините на меѓусебната комуникација меѓу луѓето, базирани врз овие права.
До средните училишта во Република Северна Македонија ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС за учество во проектот: МЛАДИТЕ ЗА ДЕЦАТА – Вклучување на младите во поддршка на почитување на различностите и конструктивно разрешување конфликти кај децата Почитувани, Во периодот јули 2021-март 2022, Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) ќе го спроведува проектот „Младите за децата“ […]
Онлајн платформата http://democraticschools.mk/ претставува продукт произлезен од проектот „Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера“, финансиран од Европската Унија и Советот на Европа и е имплементиран од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) со поддршка на Бирото за развој на образованието. Oнлајн платформата претставува ресурс за професионален развој на наставниците […]
Почитувани соработници, колеги и пријатели, Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на одбележување на Светскиот ден на бегалците во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш“, имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти. На настанот, студенти од Факултетот за драмски уметности и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. […]
Проектот „Подигнување на свеста и поддршка на бегалците и барателите на азил кај локалните заедници“, кој се реализира во соработка меѓу Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) во Скопје, има за цел да ја подигне свеста и да го сензитивизира локалното население за бегалците, […]
Во организација на Центарот за човекови права и разрешување конфликти и со поддршка на Универзитетот Колумбија од Њујорк, група историчари од Институтот за национална историја и од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, под раководство на проф. д-р Ирена Стефоска и проф. д-р Виолета Петроска-Бешка, подготвија: курикулум за темата“Македонија како република во социјалистичка […]
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да дејствуваат еден кон друг во дух на братство.
Член 1, Универзалната декларација за човекови права
Секој има право на сите права и слободи наведени во оваа Декларација, без разлика на кој било вид, како што се раса, боја на кожа, пол, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, имот, роден или друг статус.
Член 2, Универзалната декларација за човекови права
Само две работи се бесконечни, универзумот и човечката глупост, а јас не сум сигурен за првата.