CHRCR

За нас

Проекти

Проекти на кои има работено центарот.

публикации

Публикации кои ги има издадено центарот.

Партнери

Организации кои се партнери на центарот.

Центарот за Човекови права и Разрешување Конфликти е организација која примарно се бави со истражувања и едукација, базирани на следниве основни цели:

  • Да им помогне на граѓаните на Република Северна Македонија да заземат активна улога во разрешувањето на навидум нерешливите конфликти, вкоренети во етничките и други разлики; и
  • Промовирање на концептот на човековите права и базичните слободи, како суштински дел од политичката, судската и општествената трансформација која се одвива во државата.

Постигнивањето на основните цели, е базирано на превземање на различни активности во рамките на трите клучни области:

Човекови права, насочени кон:

  • Дисеминација на знаења од областа на човековите права и слободи – преку подигање на свеста за своите и туѓите права и создавање на услови за активна заштита на своите и туѓите права, со примена на демократските механизми и владеењето на правото;
  • Развој и адаптирање на концептот, со цел да се имплементира на што е можно пошироко ниво во македонската реалност; и
  • Трансформирање на постоечкото разбирање за човековите права – од нивно согледување како примарно колективни, до нивно прифаќање како базично индивидуални.

Разрешување на конфликти, насочено кон:

  • Промена на пристапот на луѓето кон конфликтите – од гледање на конфликтот како на перманентна деструктивна битка меѓу инкопатибибилни интереси, до негово согледување како можност за заеднички развој и подобрување на односите, кои покрај интереси, содржат и потреби, чувства и вредности; и
  • Воведување на техники за конструктивно и мирољубиво разрешување на интерперсоналните и интергрупните конфликти, засновано на културна модификација на постоечките модели на заедничко преговарање и медијација.

Интеретнички односи, насочени кон:

  • Развивање на почитувањето на културните/етничките разлики – од нивно предвидување како извор на конкуренција, која неизбежно создава тензии помеѓу различните етнички групи, до нивно прифаќање како потенцијален извор за заеднички развој; и
  • Поттикнување и спроведување на интегративниот процес на живеење во мултикултурно општество, каде „мултикултурно“ би имало значење на „интеркултурно“ – различни култури кои живеат заедно во рамките на една територија, притоа одржувајќи отворени односи на меѓусебно признавање, интеракција и меѓузависност.

Активностите на Центарот се концентрирани на шест поголеми области:

  • Развивање на едукативни програми;
  • Спроведување на обука за едукатори и други учесници;
  • Организирање и помагање на дијалози и тркалезни маси;
  • Дизајнирање и спроведување на истражувачки проекти;
  • Пишување и објавување на книги, прирачници, брошури, статии;
  • Давање консултации и експертиза на локални и меѓународни организации.

Нашиот посветен тим

Тимот кој стои за ЦЧПРК се состои од професионалци и експерти во својата област.

Проф. Д-р Николина Кениг

Соработник

Љуан Имери, MSc

Извршен менаџер

Сафет Балажи

Соработник

Филипина Негриевска

Соработник

Рената Дедова

Соработник

Симболи на здружението

Симбол, верзии на лого и бои на здружението

Двобојно лого со текст

Црнобело лого со текст

Симбол без текст