Опис на проектот:
Програмата е смислена така да ги едуцира учениците од четврто одделение како да им пристапуваат на сложените прашања во врска со конфликтите што се јавуваат меѓу поединци и групи како дел од секојдневниот живот на луѓето, но и да ги поттикнува да го применуваат стекнатото знаење, предизвикувајќи позитивни и ефикасни промени во сопственото однесување. Програмата има три главни цели:
- Кај децата да развие свесност и осетливост за конфликтите преку разбирање на факторите што ги предизвикуваат, поттикнуваат и одржуваат, но и на оние што потпомагаат за нивно разрешување,
- Да им овозможи на децата да ги согледаат и интернализираат приодите коишто се замена за насилството како реакција на конфликтните ситуации и
- Да придонесе за развивање на заедница во која децата ќе се трудат отворено да комуницираат во правец на разрешување на сите видови конфликти.
Тим кој учествувал:
Раководител: Проф. д-р Виолета Петроска-Бешка
Координатори: Игор Угриновски, Сафет Балажи, Николина Кениг и Рената Дедова
Период на реализација:
1996/2006
Резултат:
Партнери:
Потрага по заедничка основа
Донатори:
Католички служби за помош; Шведска агенција за меѓународен развој, Швајцарска агенција за развој и соработка; канцеларија на УНИЦЕФ во Скопје
PDF:
Игри за разрешување конфликти

