CHRCR

„Потрага по скриеното богатство” – психо-социјална програма за поддршка на децата бегалци од Косово

1999

Опис на проектот:

Потрага по скриеното богатство” е програма за психо-социјална поддршка на децата кои имаат потреба од внатрешен или надворешен столб на потпирање, во услови кога вообичаените столбови на нивното живеење се нестабилни, загрозени, па дури и срушени.
Оваа програма има за цел да ги зајакне и збогати столбовите на поддршка преку јакнење на самодовербата, поттикнување на соработка, развивање на креативност  и препознавање, изразување и прифаќање на емоциите, кај децата бегалци од Косово и нивните соученици во училиштата во Македонија, каде децата бегалци престојуваат и учат за време на оружениот конфликт во Косово

Оваа програма се стреми и кон востановување на вообичаен тек на социјалниот живот на децата бегалци и нивна побрза социјализација надвор од училиштето, преку овозможување на прошетки, посети, излети и екскурзии во и надвор од градот.

Програмата се состои од две посебни групи активности:

  1. Креативно-психолошки работилници
  2. Социјални активности

Тим кој учествувал:

Публикација – „Потрага по скриеното богатство” – психо-социјална програма за поддршка на децата бегалци од Косово   – содржи 12 работилници кои беа реализирани во текот на програмата. Прирачникот е отпечатен во една книга двојазично, на македонски и албански јазик.

Период на реализација:

1999

Резултат:

Публикација – „Потрага по скриеното богатство” – психо-социјална програма за поддршка на децата бегалци од Косово   – содржи 12 работилници кои беа реализирани во текот на програмата. Прирачникот е отпечатен во една книга двојазично, на македонски и албански јазик.

Партнери:

 

Донатори:

Институтот Отворено Општество – Македонија и Канадската Амбасада во Македонија

PDF:

Потрага по скриеното богатство