CHRCR

Покана

Почитувани соработници, колеги и пријатели,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на одбележување на Светскиот ден на бегалците во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш“, имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.

На настанот, студенти од Факултетот за драмски уметности и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, и студенти од Факултетот за музички уметности при Универзитетот во Тетово ќе ги претстават своите креации подготвени со цел да придонесат за подигање на свеста за бегалците.

Настанот ќе се одржи на 20 Јуни 2019 година, во Кино Култура, со почеток во 19 часот.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на настанот на viki@chrcr.org.mk или 071-239203. Искрено се надеваме дека ќе бидете во можност да бидете дел од овој настан.

Со почит,
проф. д-р Виолета Петроска-Бешка
Претседател на Центарот за Човекови права и разрешување конфликти

chrcr@chrcr.org.mk

Оставете коментар.