CHRCR

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС за учество во проектот: МЛАДИТЕ ЗА ДЕЦАТА – Вклучување на младите во поддршка на почитување на различностите и конструктивно разрешување конфликти кај децата

До средните училишта  во Република Северна Македонија

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС за учество во проектот: МЛАДИТЕ ЗА ДЕЦАТА – Вклучување на младите во поддршка на почитување на различностите и конструктивно разрешување конфликти кај децата

Почитувани,

Во периодот јули 2021-март 2022, Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) ќе го спроведува проектот „Младите за децата“ – Вклучување на младите во поддршка на почитување на различностите и конструктивно разрешување конфликти кај децата. Проектот се базира на искуствата на тимот на ЦЧПРК, кој повеќе од 20 години спроведува активности чија цел е подобрување на различни аспекти во предучилишното, основното и средното образование во Република Северна Македонија.

Проектот планира да вклучи околу 200 ученици-средношколци од различен наставен јазик/етничка припадност од најмалку 10 средни училишта од земјата. Откако ќе поминат соодветна обука, учениците ќе работат во јазично/етнички мешани тимови и заеднички ќе развиваат креативни материјали наменети за деца од предучилишна возраст. Се очекува обуката и заедничката работа на учениците да придонесе за почитување на различностите и за развивање на нивните вештини за разрешување конфликти како и на други социо-емоционални вештини, а материјалите што ќе ги креираат да служат за почитување на различностите и развивање на истите вештини кај децата во градинка. Креативните материјали наменети за децата би можеле да бидат во форма на театарска изведба, музичка изведба, компјутерска игра, ликовен/визуелен продукт (сложувалка, лавиринт, меморија, приказна во слики итн.) и/или физичка активност (ритмичка игра со/без текст и сл.). Во крајна линија, со проектот треба да се воспостави модел за спроведување на општествено-хуманитарна работа на учениците во средните училишта.

Тимовите составени од ученици од исто или од различни училишта ќе работат под менторство на наставници и ќе имаат подготовка и континуирана поддршка од проектниот тим на ЦЧПРК. Проектот ги обезбедува сите потребни ресурси за реализација на активностите.

Средните училишта кои би сакале да учествуваат во Проектот треба да го искажат својот интерес преку пополнување на формуларот во прилог и негово доставување до Центарот за човекови права и разрешување конфликти најдоцна до 08.07.2021 година. Пополнетиот формулар се доставува по електронски пат, на следната адреса: luli@chrcr.org.mk

Сите училишта што искажале интерес за учество ќе добијат подетални информации за натамошните активности на Проектот пред почетокот на училишната година. Сепак доколку некое училиште смета дека му се потребни дополнителни информации за да може да одлучи дали е заинтересирано за учество, слободно може да се обрати на Љуан Имери, координатор на проектот, на истата адреса или на телефонскиот број 071-341-107.

Оставете коментар.