Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)


Училиште по мерка на детето-истражување

Училиште по мерка на детето-истражување

<< Назад

Опис на проектот:

Училиште по мерка на детето има за цел да создаде училиште кое:

  • промовира мир, слобода, толеранција, достоинство, еднаквост и солидарност, физичко и ментално здравје и добросостојба;
  • гради средина за учење која им овозможува на децата да стекнуваат знаења и вештини што ќе им бидат потребни во животот, и
  • ги охрабрува децата да учествуваат во донесувањето важни одлуки што се одразуваат на нивниот живот во училиштето и во заедницата.

Низ зајакнување на училишните капацитети со перманентна обука и супервизиска поддршка, проектните активности се насочени кон развивање на следниве димензии:

  1. ИНКЛУЗИВНОСТ: промовира вклучување на сите деца, без оглед на потеклото и способностите
  2. ЕФЕКТИВНОСТ: обезбедува ефективно и релевантно учење насочено кон потребите на децата
  3. ЗДРАВЈЕ, БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ: обезбедува услови за правилен социјален, емоционален и физички развој на децата
  4. РОДОВА СЕНЗИТИВНОСТ: негува родова еднаквост и ги почитува потребите на обата пола
  5. ПАРТИЦИПАЦИЈА: обезбедува учество на учениците, родителите и заедницата во училишниот живот
  6. ПОЧИТУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ: ги промовира и штити правата на децата и ги подготвува децата за живеење во
  7. мултикултурно општество.

Тим кој учествувал:

Проф. Др. Мирјана Најчевска
Проф. Др.Виолета Петроска Бешка
Проф. Др. Снежана Адамчевска
Проф. Др. Мирослава Николоска
Др. Билјана Анчевска
Доц. Др. Николина Кениг
Филипина Негриевска
Сејхан Кадриовска

Резултат:

Публикација(резултати од истражувањето) Иницијална состојба во Р.М.

Партнери:

Министерство за образование и наука

Донатори:

UNICEF

PDF:

Училиште по мерка на детето-истражување

<< Назад