Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)


Курикулум работилници за разрешување конфликти во седмо и осмо одделение

Курикулум работилници за разрешување конфликти

<< Назад

Опис на проектот:

Програмата за разрешување конфликти е насочена кон изменување на вообичаеното сфаќање за конфликтите: наместо на конфликтите секогаш да се гледа како на деструктивна битка меѓу спротивставени интереси, конфликтот да се посматра како можност за заемен развој и подобрување на меѓусебните односи, затоа што секој конфликт, покрај интересите, вклучува и потреби, чувства и вредности.

Програмата се базира на три главни цели:

  1. да развие свесност и осетливост за конфликтите преку разбирање на факторите што ги предизвикуваат, поттикнуваат и одржуваат, но и на оние што потпомагаат за нивно разрешување;
  2. да им овозможи на учесниците да ги согледаат и интернализираат приодите коишто се замена за насилството како реакција на конфликтните ситуации, и
  3. да придонесе за развивање на заедница во која децата и младите ќе се трудат отворено да комуницираат во правец на разрешување на сите видови конфликти.

Освен вештините за конструктивно и мирољубиво разрешување конфликти, програмата едуцира и за:

  1. кооперативност - кବко се соработува и како се развива меѓусебна доверба,
  2. толеранција - како се прифаќаат и почитуваат разликите меѓу луѓето што произлегуваат од различните вредности и сфаќања,
  3. позитивно емоционално изразување - како се стекнува самоконтрола, но и како се искажуваат своите чувства (особено чувствата на лутина и гнев) на начин кој не е агресивен и/или деструктивен и
  4. ефикасна комуникација - како да се сослуша (без упаѓање и навредување) за да се биде сослушан и за да може да се реагира на соодветен начин.

Тим кој учествувал:

 

Резултат:

 

Партнери:

 

Донатори:

Уницеф

PDF:

Курикулум работилници за разрешување конфликти

<< Назад