Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)


Исти, Слични, Различни

Исти, слични, различни

<< Назад

Опис на проектот:

Проектот има за цел да ги подобри меѓуетничките релации во Република Македонија, на ниво на основните училишта преку развивање на вон-училишни активности кои ќе промовираат хармонични меѓуетнички релации во рамки на едно мултикултурно општество.

Оваа програма настојува да создаде интелектуална, емоционална и социјална атмосфера меѓу учениците која ќе поттикнува комуникација меѓу членовите на различните етнички групи во државата, ќе стимулира заемно разбирање и зајакнување на меѓусебната доверба. Ова ќе овозможи добра основа за поттикнување на меѓуетничката толеранција и за намалување на меѓуетничката тензија во земјата. Преку оваа програма, Проектот се стреми да оствари долготрајно влијание врз формалниот образовен систем во Македонија, главно преку воведување на етнички мешани активности или часови.

Работните групи се формираат преку комбинирање на половина од две еднојазични паралелки во две двојазични и полово балансирани групи во секое од училиштата. Програмата се изведува двојазично (на македонски и на албански јазик).

Програмата се состои од три посебни групи активности:

  1. Креативно-психолошки работилници
  2. Работилници за разрешување конфликти и права на децата
  3. Социјални активности

Тим кој учествувал:

Проф. Др.Мирјана Најчевска,
Жарко Трајановски,
Маја Цветаноска,
Сафет Балажи

Резултат:

Програма за имплементација за ученици од основно образовани

Партнери:

Хелсиншки комитет за човекови права на Р. Македонија

Донатори:

Совет на Европа

<< Назад