Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)


Игри за разрешување конфликти

Игри за разрешување конфликти

<< Назад

Опис на проектот:

Програмата е смислена така да ги едуцира учениците од четврто одделение како да им пристапуваат на сложените прашања во врска со конфликтите што се јавуваат меѓу поединци и групи како дел од секојдневниот живот на луѓето, но и да ги поттикнува да го применуваат стекнатото знаење, предизвикувајќи позитивни и ефикасни промени во сопственото однесување. Програмата има три главни цели:

  1. Кај децата да развие свесност и осетливост за конфликтите преку разбирање на факторите што ги предизвикуваат, поттикнуваат и одржуваат, но и на оние што потпомагаат за нивно разрешување,
  2. Да им овозможи на децата да ги согледаат и интернализираат приодите коишто се замена за насилството како реакција на конфликтните ситуации и
  3. Да придонесе за развивање на заедница во која децата ќе се трудат отворено да комуницираат во правец на разрешување на сите видови конфликти.

Тим кој учествувал:

Раководител: Проф. д-р Виолета Петроска-Бешка
Координатори: Игор Угриновски, Сафет Балажи, Николина Кениг и Рената Дедова

Резултат:

 

Партнери:

Потрага по заедничка основа

Донатори:

Католички служби за помош; Шведска агенција за меѓународен развој, Швајцарска агенција за развој и соработка; канцеларија на УНИЦЕФ во Скопје

PDF:

Игри за разрешување конфликти

<< Назад