Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)


Центар за човекови права и разрешување конфликти

CENTER FOR HUMAN RIGHTS AND CONFLICT RESOLUTION (CHRCR)

Center for Human Rights and Conflict Resolution (CHRCR) is an NGO that was established with the overall goals of: (1) helping citizens of the Republic of Macedonia take active role in resolving seemingly intractable conflicts rooted in ethnic and other differences; and (2) promoting the concept of human rights and basic freedoms as essential part of global political, juridical and social transformation that is going on in the country. In order to achieve these goals, CHRCR undertakes various activities in three main areas: human rights, conflict resolution and inter-ethnic relations. All activities in the area of inter-ethnic relations have an end aim to transform the perception of cultural/ethnic differences – from anticipating them as a source of competition which inevitably creates tensions and intolerance between different ethnic groups, to accepting them as a potential source of mutual growth through building relations of respect and interdependence.

CHRCR’s activities are based on two assumptions. The first one recognizes that education is a powerful tool that can be used for building bridges or misused for building walls between the ethnic communities. The second one perceives education as the only instrument that can provide systemic changes in people’s attitudes towards cultural/ethnic differences. That is the reason why CHRCR has chosen to work mostly in the field of education, focusing its efforts on developing educational programs for children from preschool to university level, training educators to implement them and writing manuals to support the implementation. Additionally, CHRCR as an organization and/or its experts have had notable experience in designing and conducting research projects and very often have provided consultations and expertise on inter-ethnic relations to local and international institutions.

CHRCR is not an association of activists, or an NGO that implements ready made programs or hires professionals to implement programs. It is rather an expert organization with expertise that has been gained through continues creation and implementation of various activities aimed at improvement of interethnic relations in the Republic of Macedonia. ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________

„Бегалец сега - човек секогаш"
На 20 декември 2016, во 12 часот на пладне во центарот на Гостивар ќе биде претставена инсталација во јавен простор, дел од проектот „Бегалец сега - човек секогаш", кој има за цел подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби. Проектот е на Претставништвото на УНХЦР Скопје, Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации, го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој - Центар РЕД од Скопје, а е финансиран од Европската Унија.
Инсталацијата во јавен простор се состои од неколку различни елементи поставени на плоштадот во Гостивар. Таа ќе биде изложена пет дена, од 20 до 24 декември. Досега инсталацијата беше поставена во Скопје (https://www.facebook.com/events/1671906769806809/), Струмица (https://www.facebook.com/events/101102893715779/) и Прилеп (https://www.facebook.com/events/350893461938519/).
Граѓаните ќе можат да ги посетат поставките секој ден од 10 до 16 часот.

On the 20th of December, at noon, a public space installation will be exhibited in the centre of Gostivar, as a part of the project "Now a refugee - always human" - aimed to raise the awareness of the public about the refugees, their rights and needs. This is a United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) Representation in Skopje Project, implemented by the Centre for Human Rights and Conflict Resolution (CHRCR) in cooperation with the Center for Research, Education and Development (RED - Center), financed by the European Union.
The public space installation comprises of several different elements exhibited at the square in Gostivar. It will be on display for five days, starting from 20 to 24 December. So far, the Installation was displayed in Skopje (https://www.facebook.com/events/1671906769806809/), Strumica (https://www.facebook.com/events/101102893715779/) and Prilep (https://www.facebook.com/events/350893461938519/).
The citizens will be able to visit the installation every day from 10am to 4pm.

Me 20 Dhjetor 2016, në ora 12 në qendrën e Gostivarit do të prezantohet instalimi në hapësirë publike, pjesë e projektit „Refugjatë tani - përgjithmonë njeri", që ka për qëllim rritjen e vetëdijes së publikut për refugjatët, të drejtat dhe nevojat e tyre. Ky është projekt i Përfaqësisë së UNHCR-së në Shkup, Komisionarit të lartë për refugjatë pranë Kombeve të Bashkuara, që e realizon Qendra për të Drejtat e Njeriut dhe Zgjidhje të Konflikteve në bashkëpunim me Qendrën për Hulumtim, Arsim dhe Zhvillim - Qendra RED nga Shkupi, ndërsa është financuar nga Unioni Evropian.
Instalimi në hapësirë publike përbëhet prej disa elementeve të ndryshëm të vendosur në qendrën e qytetit të Gostivarit. Do të eksponohet pesë ditë, që nga 20 deri më 24 Dhjetor. Deri më tani instalimi ishte i eksponuar në Shkup (https://www.facebook.com/events/1671906769806809/), Strumicë (https://www.facebook.com/events/101102893715779/) dhe Prilep (https://www.facebook.com/events/350893461938519/).
Qytetarët mund të na vizitojnë çdo ditë prej orës 10 deri në ora 16.

____________________________________________________________________________________________________________

Товарот на минатото: Наставата во Македонија 1944-1991

Во организација на Центарот за човекови права и разрешување конфликти и со поддршка на Универзитетот Колумбија од Њујорк, група историчари од Институтот за национална историја и од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, под раководство на проф. д-р Ирена Стефоска и проф. д-р Виолета Петроска-Бешка, подготвија:

· курикулум за темата “Македонија како република во социјалистичка Југославија” наменет за наставата по историја за 9то одделение и

· модел лекција под наслов Скопскиот катастрофален земјотрес во 1963, како дел од курикулумот за претходно наведената тема.

Целта на проектот беше не само да придонесе за видливоста на екс-југословенско минато кое се маргинализира во наставата по историја и во јавниот дискурс, туку и да понуди и промовира современ мултиперспективен пристап кој поттикнува на учење со критичко мислење, наспроти постојниот традиционален етноцентричен пристап кој се сведува на учење базирано исклучиво на помнење.


Barra e së kaluarës: Mësimi në Maqedoni 1944-1991

Në organizim të Qendrës për të drejtat e njeriut dhe zgjidhje te konflikteve me përkrahje nga Universiteti Kolumbia nga New York , grupi  historian nga Instituti për histori nacionale dhe Instituti për trashëgimi kulturore dhe shpirtërore të shqiptarëve, të udhëhequr nga Prof. D-r Irena Stefkovska dhe Prof. D-r Violeta Petroska-Beshka. përgatitën:

· kurrikulum për temën Мaqedonia si republikë në Jugosllavinë socialistededikuar për lëndën e historisë për klasën e nëntë, dhe

· model i mësimit me titull “Tërmeti katastrofal i Shkupit më 1963, si pjesë e kurrikulumit të temës së sipërpërmendur

Qëllimi i projektit ishte jo vetëm të kontribuon në dukshmërinë e të kaluarës ish-jugosllave e cila margjinalizohet në mësimin e historisë por edhe të promovon koncept miltiperspektivë  bashkëkohor i  cili inkurajon mësim me mendim kritik përkundër qasjes tradicionale etnocentrike i cili bazohet në mësim përmendësh të përmbajtjes.    


__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

ИЗБРАНИ СЕ МОДЕЛ УЧИЛИШТАТА ВО РАМКИТЕ НА ТРЕТАТА КОМПОНЕНТА НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА

Повеќе информации на следниве линкови:

Македонски

Shqip

English

 


 


CHRCR - Центар за човекови права и разрешување конфликти

Центарот за Човекови права и Разрешување Конфликти е организација која примарно се бави со истражувања и едукација, базирани на следниве основни цели:

  • Да им помогне на граѓаните на Република Македонија да заземат активна улога во разрешувањето на навидум нерешливите конфликти, вкоренети во етничките и други разлики; и
  • Промовирање на концептот на човековите права и базичните слободи, како суштински дел од политичката, судската и општествената трансформација која се одвива во државата.

Постигнивањето на основните цели, е базирано на превземање на различни активности во рамките на трите клучни области:

Човекови права, насочени кон:

  • Дисеминација на знаења од областа на човековите права и слободи - преку подигање на свеста за своите и туѓите права и создавање на услови за активна заштита на своите и туѓите права, со примена на демократските механизми и владеењето на правото;
  • Развој и адаптирање на концептот, со цел да се имплементира на што е можно пошироко ниво во македонската реалност; и
  • Трансформирање на постоечкото разбирање за човековите права - од нивно согледување како примарно колективни, до нивно прифаќање како базично индивидуални.

Разрешување на конфликти, насочено кон:

  • Промена на пристапот на луѓето кон конфликтите - од гледање на конфликтот како на перманентна деструктивна битка меѓу инкопатибибилни интереси, до негово согледување како можност за заеднички развој и подобрување на односите, кои покрај интереси, содржат и потреби, чувства и вредности; и
  • Воведување на техники за конструктивно и мирољубиво разрешување на интерперсоналните и интергрупните конфликти, засновано на културна модификација на постоечките модели на заедничко преговарање и медијација.

Интеретнички односи, насочени кон:

  • Развивање на почитувањето на културните/етничките разлики - од нивно предвидување како извор на конкуренција, која неизбежно создава тензии помеѓу различните етнички групи, до нивно прифаќање како потенцијален извор за заеднички развој; и
  • Поттикнување и спроведување на интегративниот процес на живеење во мултикултурно општество, каде „мултикултурно“ би имало значење на „интеркултурно“ - различни култури кои живеат заедно во рамките на една територија, притоа одржувајќи отворени односи на меѓусебно признавање, интеракција и меѓузависност.

Активностите на Центарот се концентрирани на шест поголеми области:

  • Развивање на едукативни програми;
  • Спроведување на обука за едукатори и други учесници;
  • Организирање и помагање на дијалози и тркалезни маси;
  • Дизајнирање и спроведување на истражувачки проекти;
  • Пишување и објавување на книги, прирачници, брошури, статии;
  • Давање консултации и експертиза на локални и меѓународни организации.